(ВИДЕО) Двајца мажи и БАКНЕЖ НА ЖИВОТОТ: Сликата поради која фотографот освоил Пулицерова награда и’ по 50. години ги остави луѓето без ТЕКСТ

Иако на прв поглед може да остави погрешен впечаток, оваа слика крие неверојатна приказна која никого никогаш не остава рамнодушен.
Во јули 1967. година, фотографот Роко Морабито возел по 26 West Street во Џексонвил, Флорида, брзајќи да ја заврши својата домашна задача за својот весник.
Она што се случило потоа ги променил животите на сите актери во оваа приказна.
Двајца работници, Џеј Ди Томсон и Рендал Џи Чемпион работеле рутинско одржување на бандерите кога се случило нешто морничаво – Рендал ја загубил свеста бидејќи допрел нисконапонска жица на далноводот, а Џеј Ди, видувајќи го својот колега онесвестен, бргу му помогнал и му дал вештачко дишење, односно „уста до уста“.
Среќа во несреќата мажот носел појас, па не паднал од голема височина. Томсон бил под него, брзо реагирал и му го спасил животот.


Не можел да изведе реанимација, односно CPR поради положбата на телото на колегата, а го направил следното најдобро и не застанал додека не го почувствувал пулсот на Рендал и дури потоа го спуштил од столбот. Го носел на грб, а друг работник му помогнал, а успеале да го одржат Рендал во живот додека не дошла брзата помош и го однеле во болница. Поминало извесно време пред да закрепне.
Рендал живеел уште 35. години, а починал во 2002. година на 64-годишна возраст. Неговиот спасител е сè уште жив.


Што се однесува до фотографот, тој повикал брза помош и ја грабнал камерата.
– Ги поминав тие работници и отидов да си ја работам работата. Снимив 8. фотографии по ред и мислев дека можам да се вратам и да направам уште една.
Меѓутоа, кога Морабито се вратил кај работниците, слушнал крик и видел човек како виси од столбот.


– Господе Боже! Не знаев што да правам. Брзо фотографирав. Томпсон трчаше кон столбот. Отидов до автомобилот и повикав помош. Се вратив до бандерата и Џеј-Ди му даваше „уста до уста“ на Рендал. Се преместив, додека не удрив во ѕидот од куќата, не можев да одам понатаму и потоа направив уште една фотографија. Слушнав како Томсон вика – Диши!

Фотографот Роко Морабито ја доби Пулицеровата награда за оваа фотографија во 1968. година, која сите ја нарекоа „Бакнеж на животот“, односно “The Kiss of Life”. Со текот на годините се објавува низ целиот свет.

Фото: Принтскрин/JYouTube/BillRford75

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …