(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНА СНИМКА ОД ШПАНИЈА: Погледнете како воен авион паднал во море – пронајдено телото на пилотот!

Пилотот на шпански воен авион кој се урнал во морето во југоисточна Шпанија,загинал, соопшти шпанското Министерство за одбрана.
Министерството соопштило дека е пронајдено тело за кое се смета дека е на пилотот и дека конечната потврда ќе биде по форензичкиот увид, објави АП.
Претходно, Министерството навело дека пилотот не бил во можност да се катапултира пред леталото да падне во вода.


До падот на авионот С-101 дошло утрово за време на тренинг-летот на подрачјето на плажата Манга де Мар Менор во југоисточна Шпанија.
Авионот се урнал во морето блиску југоисточниот шпански брег кај одморалиштето Манга де Мар Менор.
Службите за итни случаи на Твитер објавиле дека чамците се на пат кон местото на несреќата.

Фото: Printscreen Twitter/Breaking Aviation News


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …