(ВИДЕО) Дознајте како бебињата го гледаат светот околу себе си во првите година дена

Децата кога ќе се родат, не гледаат речиси воопшто – разликуваат светло и темно, се’ им е како во магла и гледаат црно-бело.
За нивниот вид да се разбистри, и за малку подобро и во боја да го гледаат светот околу себе си, на бебињата им е потребно малку повеќе време.
Всушност, оптичките нерви кај тукушто родените бебиња не се целосно формирани, а и на мозокот му треба време за да созрее како би можел да ги процесира сите дразнења коишто доаѓаат до него.
Токму затоа, британскиот очен хирург Ромеш Ангунавела направил интересен GIF којшто ни покажува како се менува видот кај едно мало дете од моментот на раѓањето па се’ до неговиот прв роденден.


„Визуелниот кортекс на мозокот зазема речиси третина од целиот мозок и влијае на обработката на ’поплавата’ од визуелни информации со коишто се пресретнува од моментот кога очите ќе се отворат за прв пат“  објаснува доктор Ангунавела.
Инаку, бебињата започнуваат да ги гледаат боите околу себе си со навршени три месеци, при што црвената е прва којашто успеваат да ја идентификуваат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Арета

Светиот маченик Арета е христијански светец, кој страдал за својата вера во Христа. Според преданијата, …