(ВИДЕО) Свртел страница: Лиам Нисон најавил повлекување од акциските филмови

Ирскиот глумец, Лиам Нисон, познат по своите акциски улоги, смета дека полека станува неубедливо 65. годишник да може да изведува разноразни „вратоломии“, па одлучил повеќе да не глуми такви улоги…
Лиам Нисон, синоним за застрашувачки осветник – се откажува од натамошните акциски улоги бидејќи смета дека тоа станува неуверливо. Славниот ирски глумец има 65. години, а се чини дека филмот „Mark Felt: The Man Who Brought Down the White House“ би можел да му донесе уште една номинација за Оскар.
Нема сомнение дека Лиам Нисон одамна ги докажал своите актерски вештини во филмовите „Шиндлеровата листа“ и „Мајкл Колинс“, но можеби не е лошо публиката да се потсети на сите акциски трилери во кои учествувал последните десет години.
Дури и самиот глумец својата акциска кариера ја смета за доста необичен случај.
„Сеуште ми се нудат сериозни пари за учествување во акциски филмови, а јас се обидувам да им објаснам дека имам 65. ’еб…’ години“ духовито коментирал Лиам Нисон


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …