(ВИДЕО) ДОНАЛД ТРАМП ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТ СО ЗАШТИТНА МАСКА: Посетил болница во Вашингтон, пред патот за новинарите имал ВАЖНА ПОРАКА!

Американскиот претседател Доналд Трамп во предградието на Вашингтон посетил воена болница и за прв пат во јавноста носел заштитна маска поради пандемијата на корона вирус.
Кога излегол од Белата куќа, тој на новинарите им рекол: „Кога сте во болницата … мислам дека се очекува да носите маска“.
Од почетокот на пандемијата во САД, за време на која биле заразени повеќе од 3,2 милиони Американци, Трамп ги отфрлаше препораките на епидемиолозите за носење на маска во јавноста.


Анонимни извори блиски до Трамп изјавиле дека претседателот се плашел дека ќе делува слабо со маската и се плашел дека вниманието ќе биде на здравствената криза, а не на економското закрепнување, за што тој инсистирал.
Носењето маски во Соединетите држави стана друга политичка линија за поделба бидејќи демократите, предводени од водечкиот кандидат Џо Бајден, ги носат, а републиканците тоа неволно го прават.
Единствениот пат кога се знаеше дека Трамп носи маска беше за време на приватната посета на фабриката „Форд“ во Мичиген.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …