(ВИДЕО) Дочек на Нова година во Нов Зеланд

Во некои делови на светот, старата 2020 година веќе е испратена, а новата 2021 година е дочекана.
“Среќна Нова година!”, му порачуваат жителите на Оукленд во Нов Зеланд на светот, каде старата 2020 година веќе е испратена со прекрасен огномет а новата 2021 година е дочекана.


Илјадници луѓе веќе ја дочекаа Новата година, а меѓу нив има и жители на Австралија.
Во Нов Зеланд, каде сега е лето, Новата година се прослави со прекрасен огномет од Скај кулата (висока 200 метри), а оваа земја беше меѓу првите во светот што ја дочекаа Новата година.
Жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибати први ја пречекаа 2021 година, во 11 часот по средноевропско време, а после нив и Нов Зеланд.
Сепак, први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Ниуе во јужниот дел на Тихиот океан, бидејќи во 2021 година, бидејќи според средноевропско време, новата 2021 ќе пристигне дури утре.


Фото: Принтскрин/youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …