Холивудскиот актер Џејми Фокс гостувал во хип-хоп подкастот Daily Loud каде во еден момент почнал да го имитира поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Штом Џејми проговорил како Трамп, во студиото настанала смеа, а тимот на интернет се согласил – Фокс генијално ги „симна“ препознатливиот говор и гестови на поранешниот американски претседател.
Jamie Foxx can sound just like Donald Trump 💯😂 pic.twitter.com/uyrQ4l6zMY
— Daily Loud (@DailyLoud) August 25, 2022
„Не сум изненаден од талентот на овој човек, неговото ниво на талент е екстремно. Тој може да глуми се и да имитира, а неговото претставување како комичар е извонредно“, „Џејми Фокс не добива доволно заслуги за тоа што е личност со најголем природен талент на светот“, „Ова е неверојатно. Џејми Фокс е неверојатно талентиран“, се само дел од реакциите на Твитер.
Видеото за само еден ден собра над седум милиони прегледи.
Фото: Twitter