(ВИДЕО) Давид Темелков полека но сигурно гради успешна кариера во Хрватска:„Чувај ме боже“ ги воодушеви фановите!

„Ова е песна со која Рус и јас се запознавме, а започнавме убава соработка. Се надевам дека ќе го најде патот до срцето на публиката“, вели Темелков.
Поп-пејачот Давид Темелков, кој се прослави како успешен учесник во втората сезона на музичкото шоу „Икс фактор“ неодамна ја издаде својата нова песна „Чувај ме Боже“.
По долгите трагања по композитор во Македонија, Давид Темелков пред неколку години реши да се обиде во Хрватска бидејќи таму се ценат квалитетните вокали, а имаше среќа да биде прифатен од Мирослав Рус, еден од легендарните хрватски композитори.
Автор на музиката и текстот е Мирослав Рус, а дел од спотот е снимен во Санкт Петарбург.


„Давид ме привлече со својата посебност и глас кој ретко се слуша. Да се работи со него е вистинско задоволство, а оваа е една од најдобрите мои песни“, изјавил Рус.
Давид вели дека ова песна му е посебно драга и и’се заблагодари на публиката која секогаш му е инспирација.
„Ова е песна со која Рус и јас се запознавме, а започнавме убава соработка. Се надевам дека ќе го најде патот до срцето на публиката“, вели Темелков.


Видео записот за „Чувај ме Боже“ е објавен на „Јутуб“, а има повеќе од 400.000 прегледи.Меѓутоа под објавата фановите го опсипаа Давид со позитивни коментари.
Инаку, ова не е прва соработка на Рус и Темелков односно тие и соработуваа и на песните „Дишем за нас“, „Љубави“, „Све је пролазно осим твоје љубави“….
Во продолежние слушнете ја новата песна на Темелков.


А, има и македонска верзија:

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …