И’ покрај првичните несогласувања со „орелот“ кога ја разлути српската јавност но и тв гледачи, Даниел Кајмакоски од недела во недела во „Твоето лице звучи познато“ на Прва Тв, во Белград, го докажува својот талент за имитации но и пеење…
Македонскиот претставник во регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“, Даниел Кајмакоски, вчера ја однесе победата во полуфиналето. Имитирајќи го британскиот пејач Сем Смит, Кајмакоски ја изведе баладата „Lay Me Down“ на Сем Смит.
Паричната награда од 1.000 евра ќе биде донирана на Никола од Скопје, како помош во неговата борба против ракот.