(ВИДЕО) Дали танцот на дожд може да ги оствари соништата? На ова момче му ја ИСПОЛНИЛО НАЈГОЛЕМАТА ЖЕЛБА!

Момчето, чиј талент за танцување ги воодушеви луѓето ширум светот, добил стипендија за да оди на балетско училиште на престижна академија во Америка.
На Интернет се прошири видео од 11-годишното момче Ентони Ммесома Маду како танцува на дожд во Лагос, Нигерија, а корисниците на социјалните мрежи го пофалија момчето поради рушење на негативните стереотипи за машките танчери.
Неговите грациозни движења беа видени и во Американскиот балетски театар во Њујорк.
Театарот му понудил стипендија на Ентони како дел од програмата „Балет без граници“ и му обезбедил пристап до Интернет за да присуствува на виртуелни тренинзи ова лето.
Ентони го изразил своето воодушевување од оваа вест.
„Кога пријателите ме гледаат како танцувам, тие мислат:„што прави ова момче, дали е тоа некој странски танц?“, рекол тој.
„Сега освоив голема награда да одам во Америка. Ќе летам со авион и со нетрпение чекам, тоа е нешто што ми го донесе балетот“.
Видеото на Ентони го споделија повеќе од милион луѓе. Ова исто така доведе до прилив на донации за танчерската академија „Leap of Dance Academy” во Нигерија која Ентони ја посетува во моментов.


Основачот Даниел Ајала Овосени рекол дека овие средства ќе ги искористи за промовирање на балетот во Нигерија.
„Видов потреба да донесам еден вид уметност што покажува дисциплина, посветеност и обврска“, рекол тој.
„Учениците кои можат да го научат сето ова, можат да го пренесат во други области од животот.
Ентони претходно изјавил дека се чувствува како да сонува кога танцува.
„Таму каде што живеам, нема машки балетани како мене. Кога луѓето гледаат балет, тие мислат дека тоа е само за девојчиња, не знаат дека тоа не е само за девојчиња. Сакам кога ќе ме видат, да знаат дека има и машки танчери”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …