(ВИДЕО) ДАЛИ Е ТОА ЉУБОВ – Момче од Русија претерало: Сакал да ја запроси девојката а наместо прстен и подготвил УЖАСНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ!

Момчињата обично сакаат да ја воодушеват девојката со гестот кога подготвуваат романтична веридба. Меѓутоа, ова момче од Русија претерало. Многу жени ниту малку не би се израдувале со тоа што тој и го понудил на својата свршеница.
Снимката настаната во Русија покажува дека е организиран напад „со грабнувачи“ кои носеле маски на лицето, и идната невеста ја извлекле од автомобилот и ја фрлиле на хаубата викајќи на неа и заканувајќи и се со пиштол.


Се чини дека не му замерила многу на тоа бидејќи, кога станало јасно дека никој нема да ја убие и кога нејзиниот мил клекнал на едно колено и и’ го покажал прстенот почнала воодушевено да вика и да скока.
Снимката бргу се појавила на социјалните мрежи со коментарот:„Ова е лудо дури и за руски стандарди“.
„Психопат“, „Најлошо запросување на сите времиња“, „Мојата девојка би ме нокаутирала кога би го извел ова“, „Морбидно е, има потреба да ја контролира и да и продава насилство под закана со оружје како романтика. Сите знаци на иден злоставувач“, биле некои од коментарите.


Други пак застанале во одбрана на идниот младоженец.
„Можеби олеснувањето е најдобар афродизијак“, „Некои луѓе можеби сакаат адреналин. Да биде преплашена во тој момент, но денови потоа ‘ќе лета’ од навала на ендорфин“,пишувале други.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …