(ВИДЕО) ЧУДНИ ДВИЖЕЊА – Што му се случувало на Трамп со раката после дебатата? Доналд и Меланија повторно ја шокирале јавноста!

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат и поранешен потпретседател и сенатор Џозеф Бајден синоќа, ја имаа првата од трите дебати пред претседателските избори на 3. ноември.
На дебатата од самиот почеток се појавиле искри и останале до самиот крај. Било многу напнато и паднале многу тешки зборови.
Освен она кажаното, била интересна, ако не и фрапантна, една ситуација на крајот од дебатата кога кандидатите позирале со своите жени.
Меланија Трамп дошлае да го поддржи сопругот Доналд и на крајот од дебатата се искачила на сцената и се фотографирала.


Додека стоеја, Трамп ја држел Меланија за рака, а корисниците на социјалните мрежи коментирале дека нешто како тик му се случува со раката.
Од друга страна, имало и такви кои сметаат дека Трамп се обидел насилно да ја држи за рака Меланија.
Снимката одовој момент го обиколи светот.
Ова не е прв пат
За можните проблеми со рацете на Трамп веќе се пишуваше. Во јуни оваа година, за време на говорот на Воената академија во Вест Поинт, Трамп не можел нормално да подигне чаша вода, туку морал да ги користи двете раце.
Трамп веќе подигал чаша со две раце, а тоа првпат било забележано во 2017. година кога им ја презентираше својата стратегија на припадниците на воената служба во Вашингтон.
Истата година, тој со две раце подигнал шише вода со двете раце додека зборувал за трговски договор со Јапонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …