(ВИДЕО) Бројка од која боли глава: Џек Николсон заработил 15 пати повеќе од главниот актер за улогата во „Бетмен“

1989 година ја одбележа Бетмен, суперхеројски филм во режија на Тим Бартон, кој ја воодушеви и публиката и критичарите.
Денес, филмот се смета за култна класика, а многу фанови на Бетмен го сметаат за една од нивните омилени филмски адаптации на херојот од стрипот.

Освен што доби позитивни критики и признанија, филмот имаше и огромен комерцијален успех. Иако тоа беше голем финансиски триумф за Ворнер Брос, можеби уште поуспешен беше за Џек Николсон, кој заработи богатство играјќи го Џокер. Парадоксално, Мајкл Китон кој го играше Бетмен не заработи ни приближно слична сума.


Бетмен се враќа беше снимен со буџет од 48 милиони долари и вкупно заработи над 411 милиони долари, што го прави вториот филм со најголема заработка во 1989 година. Му претходеа само „Индијана Џонс“ и „Последната крстоносна војна“ кои заработија над 470 милиони долари на бокс офисот.


Николсон имал двоумење за улогата на Џокер, но на крајот ја прифатил поради престижот и можноста да заработи, пишува FandomWire. Актерот првично требало да потпише договор за 10 милиони долари, но Николсон го видел високиот потенцијал за заработка на филмот, па го намали договорениот фиксен хонорар на 6 милиони долари, но со студиото се договорил дека ќе добие процент од вкупната заработка од филмот..

Бидејќи Николсон во тоа време веќе имаше два Оскари зад себе и беше еден од најбараните актери во светот, студиото ги прифатило неговите услови. Како резултат на тоа, актерот заминал дома со 90 милиони наместо 10 милиони долари, со што неговата улога на Џокер стана една од најскапите улоги во филмската историја.
Оскаровецот во филмот проговорил само 585 зборови, а неговата заработка била дури петнаесет пати поголема од заработката на Мајкл Китон, кој ја толкуваше главната улога. Имено, Китон за улогата на Бетмен заработил „само“ 6 милиони долари, што е импресивно, но сепак незначително во однос на заработката на Николсон.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …