(ВИДЕО) „Болно, шокантно и засрамувачки“: Претепуваат полицајци а минувачите снимаат и се смеат!

“Силно го осудувам срамниот напад врз двајцата полицајци. Овие храбри полицајци ја вршеле својата должност за да и помогнат на јавноста. Им должиме благодарност. Им посакувам целосно и брзо закрепнување…“
Министерството за внатрешни работи и началниците на полицијата го осудиле нападот врз полициските службеници во јужниот дел на Лондон, Хакни, по видеото што се прошири на социјалните мрежи на кое се гледа како група луѓе претепуваат полицаец.
Додека лежел на земја, полицаецот бил тепан со клоци, а неговиот колега, кој се обидел да му помогне, бил насилно истуркан и, исто така, претепан.
На видеото се гледа непознат маж со бејзбол палка како се приближува до полицаецот, додека неколкумина го опкружуваат. Едниот го дави, додека другиот го удара со клоци. Снимката ги прикажува како викаат и пцујат, а некој во позадина ги снима сите.
Во еден момент, неколку минувачи се собираат, се смееат и позираат за селфи.


Полицијата соопшти дека двајцата полицајци се здобиле со полесни повреди. Во краткото соопштение, велат дека биле повикани од лице кое тврдело дека е нападнато, а кога излегле на терен, имало група луѓе меѓу кои белци и црнци.
Двајца мажи на возраст меѓу 20. и 38. години се уапсени за напад врз полицијата и остануваат во притвор до понатамошно известување.


„Болно, шокантно и засрамувачки“, коментирал Прити Пател, министерот за внатрешни работи , а реагира и градоначалникот на Лондон Садик Кан.
“Силно го осудувам срамниот напад врз двајцата полицајци. Овие храбри полицајци ја вршеле својата должност за да и помогнат на јавноста. Им должиме благодарност. Им посакувам целосно и брзо закрепнување. Нападите врз нашата полиција нема да се толерираат. Апелирам до секој со повеќе информации за сторителите на овој грозоморен чин да пријави за да се обезбеди спроведување на законот “, рекол Кан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …