(ВИДЕО) БИЛБИЛОВ СПАКУВА ОДЛИЧНО ПАРЧЕ – „Ме изгуби ти” се вика темата, а Ангел Спасов е новото име на домашната сцена

Ангел Спасов е ново име на домашната музичка сцена. Станува збор за младо момче, средношколец кој доаѓа од Струмица. Тој не случајно е во светот на музиката, која покрај медицината му е огромна љубов, и не случајно на јавноста ѝ ја промовира својата прва песна со наслов „Ме изгуби ти”, спакувана од веќе докажаниот хит-мејкер Роберт Билбилов.

Дебитантската песна на Ангел носи свеж и модерен призвук, а таков е и концептот на видеото, потпишано од Зоран Стојановски-Зонде. Во кадрите освен Ангел се појавува и Ема Стојановска, членка на модното студио Зоа модел.


This image has an empty alt attribute; its file name is angel-1.jpg

„Велат кога нешто силно посакуваш се остварува, во моментов го живеам мојот сон. Имам песна каква што одамна посакував и пресреќен сум што со Роберт „кликнавме” од прва и навистина ме погоди. „Ме изгуби ти” е песна во стилот кој и приватно сакам да го слушам и нешто што на кое, нели без разлика на сѐ, знам дека ќе бидам горд затоа што е и отпеана и направена со многу љубов и на едно професионално ниво. Едвај ги чекам реакциите на публиката, затоа што навистина верувам во песната”, вели Ангел Спасов.


Билбилов, пак, кој е комплетен автор на „Ме изгуби ти”, вели дека му било предизвик да работи со Ангел, затоа што тој е типичен претставник на онаа млада генерација која точно знае што сака кога е музиката во прашање.

„Особено ми е драго што доаѓаат нови генерации кои ги следат трендовите и сакаат оној актуелен, светски звук да го пеат, би рекол, на македонски. Ангел е едно од оние нови имиња на домашната сцена, кои навистина верувам дека имаат и што да понудат, но и убава иднина”, вели Роберт.


This image has an empty alt attribute; its file name is angel-2.jpg

Ангел има 17 години и е средношколец во средното медицинско училиште, а освен што своето образование планира да го продолжи во таа насока, сака и музиката да биде дел од неговото секојдневние, па веќе во тек се и подготовките за следниот проект.

„Ќе одиме, се вели, чекор по чекор, но веќе во план ми е и следна песна затоа што сакам да имам свој репертоар и песни за настапи”, вели и Ангел и додава: „Имам и енергија, и желба, и љубов за музика, сѐ сработев со огромно задоволство и ништо не ми беше тешко ни снимањето во студио, ни работата на спотот. Со Зонде снимавме 12 часа без престан, но времето буквално ми летна. Едноставно ни се поклопија енергиите и атмосферата беше неверојатна.”

Ангел верува во песната, ние во младите – бидејќи светот ним им останува. Затоа уживајте во „Ме изгуби ти” и музиката на ова младо момче чие време допрва доаѓа…

Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …