(ВИДЕО) БиБиСи го прекинал емитувањето на редовната програма поради здравствената состојба на кралицата Елизабета Втора

Таа е под медицински надзор во нејзиниот замок Балморал во Шкотска
Британскиот национален јавен сервис БиБиСи престанал да ја емитува својата редовна програма и од минута во минута известувал за здравствената состојба на кралицата Елизабета Втора.
Таа е под медицински надзор во нејзиниот замок Балморал во Шкотска. Според британските медиуми, лекарите се загрижени за нејзиното здравје.

This image has an empty alt attribute; its file name is balmoral.jpg


По прегледот утринава, лекарите одлучиле дека кралицата Елизабета Втора мора да биде под лекарски надзор. Би-би-си јавува дека британскиот принц Чарлс и принцот Вилијам отпатувале во Балморал откако ја добиле веста.
Кралицата била принудена да го откаже планираниот состанок вчера, откако лекарите ја советувале да се одмори, еден ден откако таа потврдила дека Лиз Трс е нов премиер на Велика Британија.

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)



Трс истакнала дека целата земја е многу загрижена поради веста за влошеното здравје на кралицата.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …