(ВИДЕО) БИ СЕ ИЗБЕГНАЛЕ МНОГУ ТРАГЕДИИ – Имале решение за оружјето на сетовите, но никој не сакал да ги слуша

Последната траедија на снимање при што од случаен истраел од раката на Алек Болдвин загина снимателката Халина Хачинс се чини ги разбуди духовите во Холивуд и сега се бара тоа што го имале пред години…

ГОДИНИ пред трагедијата на снимањето на филмот Rust, Холивуд имал сигурна алтернатива, која упорно ја игнорирал.
Тоа е уред наречен Violette и комбинира пропан и кислород за да создаде блиц, истрел и грчење како кога се користи вистинско оружје, а исто така е она што е важно да се види во филмовите и сериите што ги гледаме. Уредот е внатре во лажно оружје и најважно е дека нема никаква опасност.
Ова лажно оружје изгледа идентично со вистинското и можете да го чувате на безбедно растојание од помалку од десет сантиметри од човек, тврдат креаторите Сорен Харалдстед и Даниел Карпанчоф.
„Од Violett, ги отстранивме сите ограничувања за употреба на вистинско оружје и ја заменивме со креативна опција за актери, екипа, режисери и сниматели. Специјалните ефекти станаа подобри, тоа е вистина, но имајќи го тој ефект за време на снимањето, се создаваат подобри резултати за камерата“, изјави Карпанчоф за Variety.


Никој не сакал да инвестира
Во 2015. година, тие се обиделе да соберат пет милиони долари за Violett со надеж дека ќе стане стандард и засекогаш ќе го замени вистинското оружје. Разговарале со сите поголеми студија и додека сите беа заинтересирани, никој не сакал да инвестира во производот.
Други не верувале дека презентацијата што им ја покажале е вистинска. Но, тие тврдат дека е многу реален, безопасен и релативно евтин (3.500 долари по парче, што може да се амортизира со изнајмување на други продукции). Се разбира, секогаш има простор за подобрување, но и покрај сите напори не успеале да добијат финансиски средства.


По трагедијата на снимањето на Rust, инвеститорите почнале да реагираат
Но, по трагичната несреќа на снимањето на Rust, приказната повторно може да добие поголема медиумска покриеност, а со законите што дополнително ја комплицираат употребата на вистинско оружје, старите начини стануваат се’ помалку одржливи.
Само десет часа по несреќата почнале да пристигнуваат мејлови од потенцијални инвеститори. Тие веќе набавиле милион долари, а во следните неколку недели ќе ги имаат и останатите четири. После тоа, очекуваат уште шест до девет месеци за производство за оваа безбедна алтернатива да заврши во рацете на филмаџиите.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …