(ВИДЕО) Баба на 109. годишна возраст открила рецепт за ДОЛГ ЖИВОТ!

Оваа некогаш најстара жителка на Шкотска го открила рецепт за долг и среќен живот.
Неверојатна старица од Шкотска, баба Џеси Галан, кога го прослави својот 109 -ти роденден, го открила својот рецепт за долг и среќен живот. Имено, иако многумина очекуваат еликсири на младоста, оваа баба има едноставен рецепт.
– Тајната за долг живот лежи во избегнувањето на мажите! Тие создаваат дополнителни проблеми што не ви се потребни и носат повеќе проблеми отколку што вредат! – објаснила Џеси Галан.
Денес, жителите на Шкотска со насмевка на лицето се сеќаваат на нивната баба Џеси Галан, која починала во 2015. година, и која, непосредно пред нејзината смрт, открила како стигнала до длабока старост.
-Јадете топлоа овесна каша секое утро и избегнувајте ги мажите – била експлицитна таа.
Џеси Галан е родена во мала куќарка со две соби на фарма, каде живеела со своите пет сестри и брат. Спиеле на сламени душеци. Џеси рекла дека нејзината „тајна за долг живот лежи во избегнувањето на мажите, но таа исто така напоменала дека тајната на нејзиниот долг живот и во фактот што многу се движела, и дека секое утро јадела чинија со топла овесна каша.
Иако била најстарата жителка на Шкотска, Џеси не била најстарата во светот во тоа време. Тој дел му припаѓал на Јапонецот Мисао Окава, кој почина на 117 -годишна возраст.
– Отсекогаш работев многу, така што ретко би земала одмор. Излегов од дома кога имав 13. години и работев како млекарка. Отсекогаш имав среќа да работам со добри луѓе. Се грижев да вежбам многу, да јадам секое утро чинија со топла овесна каша и никогаш да не се омажам – рекла оваа витална 109-годишна баба.


Foto: YouTubeScreenshot/Clément Pellequer

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …