Трогателниот момент во кој 89-годишна баба дознала дека ќе стане прабаба станал вирален хит, а нејзината реакција на најубавото божиќно изненадување ги допрело срцата на милиони. Иако видеото е снимено минатиот Божиќ, внуката го објавила дури неодамна.
Луиз Руперт, 89, од Јужна Каролина отпатувала во Санта Фе, Ново Мексико минатиот Божиќ за да ја посети својата внука, Миранда Стивенс, 33. Патувањето било заморно – поради лошото време таа ја поминала ноќта на аеродромот во Далас, но и покрај сè, пристигнала насмеана и подготвена за празниците.
Посетата била особено важна затоа што Миранда го очекувала своето прво дете и сакала да ја сподели добрата вест со својата баба на незаборавен начин.
Најубавото „ништо“
Во видео што Миранда го споделила на TikTok, таа објаснила како нејзината баба секогаш им кажува на внуците да не ѝ купуваат „ништо“ за Божиќ. Таа решила да ја исполни нејзината желба, но со мал пресврт. Таа ѝ подала украсна кеса, а бабата среќно ја отворила и, гледајќи дека е празна, извикала: „Прекрасно! Ја добија пораката, ми се допаѓа!“
Но, Миранда ѝ рекла да „продолжи да бара“. На дното од кесата, Луиз нашла тест за бременост. На почетокот била збунета, мислејќи дека е четка за заби, па дури и се обиде да ја отстрани капакот. А потоа сфатила.
@miranduhh_stephens She was so excited to get “nothing” hahaha and then didn’t know what the pregnancy test was and wanted to open it 😂😂 in her defense….I guess it’s been a really long time since she’s seen one! Hahah she is precious! #pregnant #christmasgift #fyp #grandparentsoftiktok #pregnancyannouncement ♬ original sound – Miranda | Monster Jam Wifey 🏁
Од збунетост до солзи радосници
Кога Луиз сфатила дека држи позитивен тест за бременост, Миранда ѝ рече: „Дознавме утрово“. Реакцијата на бабата била непроценлива – таа почнала да плеска, погледнала кон небото како да се моли и искрено ѝ рекла на внуката: „Толку сум среќна за тебе“.
Видеото брзо собра повеќе од 1,7 милиони прегледи и 236.000 лајкови, а коментарите беа полни со емоции. „Начинот на кој гледаше кон небото беше толку сладок“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Ѝ го даде најдобриот подарок досега“.
Една година откако било направено видеото, Миранда станала мајка на близнаците, Скајлер и Стетсон. Прабабата Луиз ги запознала своите правнуци за прв пат пред неколку недели.
Фото: Принткрин/TikTok
ekran платформа за слободоумни