(ВИДЕО) Автобус паднал во езеро, а потоа се појавил ТОЈ: Извлекол 30. луѓе, но и денес ПЛАЧЕ поради…

Тој само размислувал да ги спаси белите дробови за здивови…
Во 1976. година, пливачот Шаварш Карапетијан со 23. години бил спортска sвезда на СССР. Како и не би бил кога дотогаш 11. пати го соборувал светскиот рекорд, 17 пати бил светски шампион,13. пати бил европски шампион и 7. пати шампион на СССР.
Додека тренирал покрај езерото во Ереван, тој слушнал врева и видел автобус полн со патници што паднал во езерото, потонувајќи на длабочина од околу 10. метри.
Тој дотрчал и без размислување скокнал и се нурнал во матната езерска вода. Тој стигнал до автобусот, го скрши прозорецот со нозете, а потоа почна да вади еден по еден патник.
Додека имал сила, извадил 30. од 52. патници, но „само“ 20 преживеале. Со исеченици од стаклото, заразен со валкана вода и кал, Шаварш се онесвестил додека ја вадел триесеттата личност. Како резултат на нуркањето, тој добил воспаление на белите дробови и сепса.


Без свест, меѓу животот и смртта, тој се разбудил после 46. дена. Тој преживеал, но за жал тогаш неговата пливачка кариера завршила. На прашањето подоцна што му било најстрашно, Шаварш одговорил:
„Знаев дека можам да нуркам само ограничен број пати и се плашев дека ќе направам грешка. Беше толку темно долу што не гледав ништо. Еднаш го извадив седиштето наместо патникот … можев да спасам друг живот. Тоа седиште сè уште ме прогонува во моите соништа, а во реалноста можам да плачам заради тоа“.
Сепак, за Шаварш, херојството е начин на живот. Кога еднаш се нашол покрај запалена зграда во 1985. година, не го запрело сеќавањето на последиците од подвигот од 1976. година. Влетал во зградата и почнал да извлекува луѓе. Тој се здобил со сериозни изгореници, поради што минал многу денови во болница.
Што се случи со овој херој потоа? Тој стана политичар? Познат спортски тренер? Миленик на ТВ-камерите? Не! Шаварш заминал во Москва и отворил фабрика за чевли што ја именувал „Втор здив“. Обичен живот.
Подоцна го добил медалот на УНЕСКО за фер игра и херојство, а еден астероид го добил името Шаварш.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …