Единаесетмесечно момче неодамна за прв пат го видело својот татко Мајкл без брада, а неговата мајка ја снимила бесценетата глетка на камера и го објавила видеото на TikTok. За кратко време видеото собрало над 8,7 милиони прегледи, а откако ќе го погледнете ќе ви стане јасно зошто.
@michaelbalderson36
Имено, некои татковци имаат навика да носат брада на која нивните деца се целосно навикнати. Кога татковците поради некоја причина се појавуваат без ниту едно влакно на лицето, некои деца плачат или се смеат, додека други гледаат збунето.
Ова момче изгледа не може да поверува дека мажот без брада е всушност неговиот татко, па прво го гледа со големо чудење, а потоа гледа и во мајка си. За секој случај, момчето дури неколку пати го почувствувало неговото лице за да провери каде наеднаш исчезнала брадата на неговиот татко.
„Не знае дали да се смее или да плаче“, „Тој шокиран поглед, не може да поверува што се случува“, „Ми се допаѓа како упорно го допира по лицето бидејќи знае дека нешто не е во ред“, се само неколку од коментарите на тиктокерите кои се воодушевени од реакцијата на малечкиот.
Фото: Принтскрин/TikTok