„Велигден е, Ѓурѓовден е“ – Голем Велигденски концерт на ансамблот Танец

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Националната Опера и Балет, ќе се одржи голем Велигденски концерт на ансамблот Танец, насловен „Велигден е, Ѓурѓовден е“.

Голем Велигденски концерт на ансамблот Танец, во неговата јубилејната година кога ја чествува 75-годишнината од своето основање. На концертот ќе настапи целиот ансамбл – хорот, орестарот, солистите и играорниот кор, а ќе биде изведена раскошна програма, во која централниот дел е посветен на доаѓањето на најубавиот период на годината – пролетта. Таа оваа година ексклузивно, во исто време, ни носи два големи празника – Ѓурѓовден и Велигден.


Оваа вечер, публиката ќе ужива во многу вокални и вокално-инструментални точки, меѓу кои традиционалните напеви „Утре е Света Недела“, „Ѓурѓово лето, пролето“, „Моме оди низ ливада“, во „Старото Велигденско оро“, но и во живописните кореографски постановки „Ѓурѓовден“, прилепските „Мечкарски игри“, „Тресеница“, „Свадба“, како и во премиерата на новата кореографија „У Ливаду“, на авторите Јовица Блажевски и Сашко Митев. Целиот концерт ќе биде мултимедијално вообличен, така што на публиката ќе и овозможи незаборавно аудио-визуелно уживање.

Картите може да се набават во билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на следниот линк: https://kupikarta.com/tickets.nspx?eventid=5583….


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Убавината на руските марами

Марамите во Русија отсекогаш биле голем хит. Нивната првична намена е да ја загреат глава …