Вечерва во Офицерскиот дом-КИЦ Битола, започнува фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“

Вечерва ќе се оддржи првото официјално издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада” во Битола. Нивната инспирација доаѓа од традицијата на најопеаниот град на Баканот, од пајтоните, ергените кои љубовта преку песна ја носеле до срцата на битолските чупи, пеејќи по сокаци, под пенџери и балкони.

Битола вечерва повторно ќе заблеска со сиот сјај, преку песната по која н’е препознаваат.


Ќе чуеме 16 композиции од познати автори и уште толку попознати изведувачи, придружувани од Камернот оркестар на Битола. Во тек се последните технички подготовки и проби со изведувачите. Битола, и Офицерскиот дом – КИЦ Битола, се подготвени за големиот музички празник насловен како „ Ех, таа серенада”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …