„Вчера добив уште еден отказ, тоа ме чинеше години од мојот живот“: Алек Болдвин за животот по несреќата на снимањето

Алек Болдвин раскажал што се’ се случувало после несреќата
Актерот и режисер Алек Болдвин во своето последно интервју за Си-Ен-Ен раскажал колку во животот го чинела несреќата на снимањето на филмот „Rust“, ​​а за смртта на Халина Хачинс обвинил две лица.
Соочувајќи се со тужба од семејството на Халина Хачинс, Болдвин дал интервју за Си-Ен-Ен во петокот во кое инсистирал на тоа дека не е виновен за смртта на снимањето што се случи во октомври 2021 година кога ја уби Халина Хачинс и го повреди режисерот Џоел Соуза.
Тој рекол дека за нејзината смрт се одговорни помошникот режисер на филмот „Rust“ и пиштолот.
„Некој ставил вистински куршум во пиштолот а требаше подобро да знае“, изјавил Болдвин за Си-Ен-Ен, мислејќи на оружарката на „Rust“ Хана Гутиерез-Рид.
-Тоа беше нејзината работа. Нејзината работа беше да ја гледа муницијата и да стави лажни, на сетот не требаше да има вистински куршуми – рекол тој.

Болдвин, кој рекол дека „не поминува ниту еден ден без да размислува за Халина Хачинс“, го обвинува и помошникот режисер Дејвид Холс, кој му го предал пиштолот и потврдил дека е наполнет со ќорци.
– Има двајца кои не го направија тоа што требаше – рекол тој.
„Не седам овде и кажувам дека треба да одат во затвор или дека сакам нивните животи да бидат пеколни. Не го сакам тоа. Но, сакам сите да знаат дека тие двајца се одговорни за она што се случи.
Гутиерез Рид и Холс преку своите адвокати изјавиле за Си-Ен-Ен дека коментарите на Болдвин се обид да се отфрли вината.
Во ова интервју Болдвин се осврнал и на деловните понуди и рекол дека поради немилиот настан досега изгубил пет филма.
– Вчера добив уште еден отказ. Сè беше подготвено за филмот, да скокнам во авион, разговарав со овие момци со месеци и вчера ми рекоа дека не ме сакаат во филмот поради ова“, рекол Болдвин, мислејќи на истрагата на ФБИ која потврдила дека тој го повлекол чкрапалото на сетот.
Болдвин додал дека стресот од целата ситуација сигурно „го чини години од животот“.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …