Валерија после отстранетиот тумор нема да има оштетен говор и парализирана десна страна

Малечката Валерија Зафировска од Штип, која беше оперирана од тумор на мозокот во Истанбул, е во одлична состојба вели нејзината мајка Марина, за еМагазин. Тие вчера биле пуштени од болница и сега престојубаат во хотел во Истанбул.

„Во среда ни е закажана контрола кај лекарот. Чекаме резултати од биопсијата. 98 проценти од туморот е отстранет, без да предизвика компликации на десната страна, рака, нога и говор. Според Биопсијата, ќе знаеме со каква терапија ќе се лечат тие 2 отсто“ – вели Марина.


Таа додала дека она поради што се одлучиле детето да се оперира во Истанбул е што во Македонија им кажале дека ќе отстранат само 70 отсто од туморот, а Валерија ќе биде со оштетен центар за говор и со парализирана десна страна.
Терапијата, Валерија исто така ќе ја прима во Истанбул, а на 14. декември треба да се вратат во Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …