Утринската програма на „Канал 5“ ќе трае од 7. до 14. часот – рај за дежурните „јавувачи“

„Канал 5“ со изненадување за своите гледачи. Отворена програма во живо секој ден од 7. до 14. часот. Додека светот емитува тин содржини, лајфстајл емисии и документарци во текот на денот, на нашата национална „Канал 5“ ќе оди контактна емисија од седум часа.
Од најавеното се чини дека не е подготвено ништо ново туку повеќе содржини се споени во една целина.

„Навикнати да дишат со потребите на публиката, а во исто време свесни дека новото време бара динамична, флексибилна програма која целосно ќе го задржи вниманието на гледачот, екипата составена од Роберт Јанков, Ване Маркоски, Билјана Дебарлиева, Бубе Јаневска, Јелена Спенџарска и Анастасија Богданоска, е подготвена да го понуди токму тоа.
Како ќе изгледаат новите сезони на „Здраво Македонијо“, „Визита“, „Важно!“, „Најдобрите совети“, надополнети со „Генерациски дуели“, „Сите таленти на Македонија“, „Промоција со емоција“,„Ексклузивни интервјуа“, „Неодложна акција“, „Изненадувања“ итн. сите споени во една седум часовна отворена програма со публика во живо, Ве покануваме да видите веќе во понеделник од 7.
до 14. часот” велат од Канал 5 телевизија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …