Еден од најценетите карактерни глумци на Холивуд починал во болницата „Седрс Синаи“ во Лос Ангелес. Се прославил со култниот филм „Парис, Тексас“ и култните филмови на Пекинпо, Копола, Линч…
Филмот во кој во споредна улога се појавува Хари Дин Стентон не може да биде лош, заклучил одамна угледниот филмски критичар Роџер Еберт.Во кариерата долга повеќе од 60. години, Стентон станал препознатливо лице кое се појавило во повеќе од 200. филмови и телевизиски серии. Освен со глума интензивно се бавел со и музика, како гитарист и пејач.
Воениот ветеран од битката за Окинава филмската кариера ја започнал кон средината на педесеттите во телевизиските вестерни, во друштво на бројни идни ѕвезди како Чарлс Бронсон и Клинт Иствуд. Пробивот на големиот екран го остварил во 1967. со споредна улога во одличната затворска драма „Казненици со ладни раце“ (Cool hand Luke) покрај незаборавниот Пол Њумен. Лицето на Стентон било неодминливо во вестерните, („Пит Гарет и Били Кид“ на Сем Пекинпо), гангстерските филмови („Дилинџер“ на Џон Милус и „Кум 2“ на Копола), или ремек делата на научна фантастика („Алиен“ на Ридли Скот и „Бегство од Њујорк“ на Џон Карпентер).
Стентон во „Алиен“
Вистинска слава стекнал во 1984. година со главни улоги во две култни ремек дела.„Repo man“ на Алекс Кокс и „Парис Тексас“ на Вим Вендерс. Кон крајот на осумдесеттите ја започнал соработката со Дејвид Линч – глумел во „Диви во срцето“, „Вистинска приказна“, „Inland empire“ и филмот „Твин Пикс:Огну оди со мене“.
Стареел достоинствено и работно бидејќи иако умрел во позни години практично глумел до смртта не избирајќи формати: во високобуџетни блокбастери (‘Avengers’), ТВ филмови, цртани филмови, куси филмови, видео игри…Само во 2017. година се појавил во третата сезона на „Твон Пикс“ и филмот „Френк и Ава“, и скоро автобиографскиот филм „Lucky“, повторно покрај Дејвид Линч.
Улога која го прослави – „Париз Тексас“ на Вин Вендерс
За Стантон во 2012. година е снимен фасцинантниот документарец „Harry Dean Stanton: Partly fiction“ во кој го покажал своето музичко умеење.