Русија се подготвува за испорака на вакцини против коронавирус на глобалниот пазар, откако воените здравствени експерти денес објавија дека тестовите извршени врз војници волонтери биле успешни.
„Не беа забележани компликации или несакани ефекти“, објавил рускиот армиски весник „Краснаја Звезда“.
Русија планира да ги заврши клиничките испитувања до крајот на следниот месец. За време на викендот, министерот за здравство Михаил Мурашко објавил дека Русија се подготвува за продажба на новите вакцини и друга медицинска опрема на глобално ниво.
„Русија е подготвена да го снабди глобалниот пазар со медицински препарати кои ќе имаат директен ефект врз вирусот, што ќе вклучува лекови за терапија на ‘цитокинската олуја’, тестови за вирус и вакцини“, рече Мурашко за државната новинска агенција ТАСС.