УХМР со посебно соопштение за ТОПЛОТНИОТ БРАН – Температури над 40. степени

УХМР се огласи со специјално соопштени за топлотниот бран што ја погоди земјата…

ТОПОЛ БРАН: Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.
Денес се очекува сончево со температури до 42. степени, а за недела и неколку стпени повеќе.
Во понеделник ќе биде сончево и натпросечно топло. Попладне ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.Минимална температура: 15°C до 25°C. Максимална температура: 36°C до 43°C. УВ=9



За вторник се најавува сончево и натпросечно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минимална температура: 13°C до 23°C. Максимална температура: 34°C до 42°C. УВ=9
Во среда се очекува сончево и натпросечно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минимална температура: 12°C до 24°C. Максимална температура: 35°C до 42°C. УВ=9

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …