Метео прогноза на Славчо Попоски:
Во периодот од денешнит ден, па се до среда, територијата на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од Африка, како и на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.
Овие температури кои не очекуваат наредните три денови, секако и понатаму се натпросечно високи за овој период од годината.