Tom Odell ќе настапува на Sani Festival на Халкидики

Сани фестивал е еден од најстарите приватно организиран фестивали во Грција кој се одржува на ридот Сани во околината на прекрасниот Сани Ресорт на полуостровот Халкидики. Фестивалот ја прослави својата 30-годишнина во 2022 година. Три децении, Сани фестивал ја поддржува вистинската и автентична уметност преку музика и одлична забава за неговите посетители.


Фестивалот досега бил домаќин на истакнати уметници и легенди на глобалната музичка сцена, вклучувајќи ги Андреа Бочели, Џек Саворети, Боб Гелдоф, Ал Ди Меола, Бранфорд Марсалис, Ди Ди Бриџвотер, Лудовико Еинауди, Питер Гринавеј, Џос Стоун, Касандра Вилсон, Алисон Мојет и многу други.

На овогодинешото издание ќе настапат; Дијан Ривс, Бони Тајлер и Крис Норман, Сара Брајтман, УБ 40 и Али Кембел, Том Одел, Ставрос Ксарчакос и Јан Гарбарек Груп и Трилок Гурту.


Популарниот британски музичар Том Одел ќе настапи на фестивалот Сани во сабота на 12 август.
Откако ја доби наградата BRITs Critics Choice Award, како и уште две BRIT номинации, Том Одел продолжи со извонредна низа хитови како „Another Love“ и „Heal“ на неговиот репертоар. Вистинско уживање за присутните ќе биде неговиот настап на фестивалот, каде се очекува да има и посетители од нашата земја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …