ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ #пак – БРНГБКТЕКН0 со Мирко Попов

Организаторите на настанот ви го порачуваат следново, а на вас останува само да дојдете и да се забавувате.

Некои може видовте, некои може не, ама ние пак се вративме во Парк. И тоа во најбољиот Парк – Парк на Франкофонијата. Тука десно кога вртиш кога идеш со кола пред Стадион бе кај што беше Опатија порано ти текнува? Нема везе имаш мапа во абаут…Пак сакаме меѓу другото да го вратиме теКното во Парк! Кој е најдобриот начин се запрашавме. Па се знае, СО КОГО ДРУГ?, ако не со гадфадерот на електронската музика Мирко Попов!!!


И би Мирко, рече да и тоа е тоа ГОЛЕМОТО ОТВОРАЊЕ ПАК на Да го вратиме… со Мирко Попов во Паркот на Франкофонијата во четврток 10.08.2023, со почеток во 20 часот!До четврток уште го лицкаме со пултови, со точаци, со електрични тротинети, со ебајкови, со по некоја пијачка од страна, со убава музика и „drama“ озвучење!!! Значи ваше е да дојдете да не испоштовате и да ни помогнете повторно да го вратиме…А наше е да ве пречекаме најдобро што можеме и да си поминеме Н А Ј П О Б О Љ Е!Да не го тупиме многу… СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ЧЕТВРТОК!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …