Скопскиот бенд Lincoln Letter го промовираше својот нов сингл Skull and Bone

После повеќе од три години од објавувањето на нивниот прв албум Bedtime Stories, скопскиот рок состав Lincoln Letter повторно се враќа на сцената со извонредниот нов сингл Skull and Bone кој истовремено е најава на нивниот нов албум кој треба да излезе на крајот од летото.

На концертната промоција која се одржа на 27 јули во Public Room во Скопје, тие го претставија и нивниот спот за песната Skull and Bone. После вестерн тематиката од првиот албум овојпат членовите на бендот не водат во една пиратска приказна за еден екипаж кој трага по нивниот капетан.


Ние со нетрпение го очекуваме нивниот нов албум а во меѓувреме ја слушаме Skull and Bone.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …