Театроск во жири комисија на најголемиот фестивал ЗИГЕТ и во друштво на Ед Ширен!

Театроск, претставувани од Војо Цветановски и Милена Цветановска ќе биде дел од жири комисијата која ќе одлучува кој ќе го освои првото место на светското првенство за живи статуи кое се случува на најголемиот европски фестивал ЗИГЕТ оваа година.
„Заминуваме утре, а ќе престојуваме на ЗИГЕТ се до вторник. Ќе бидеме дел од фестивал каде ќе настапуваат Foo Figthers, Florence and the Machine, Ed Sheeran, Martin Garix и останати светски ѕвезди. За нас, после победа која ја освоивме со КОНТРАБАСОТ како живи статуи на Зигет минатата година, ова е уште еден огромен  успех. Секако успех и за нашата земја, велат Војо и Милена.

Зигет е еден од петте најголеми фестивали каде доаѓаат во просек по 50.000 посетители од цел свет и има освоено неколку награди за најдобар фестивал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …