Вчера после долгогодишна борба со Кроновата болест почина Игор Пармаковски (1970-2021), музички уметник. Од НОБ ја соопштија веста за прераното заминување на нивниот колега, соработник и драг пријател.
„Почивај во мир, нека ти е светол патот! Искрено сочувство до семејството!“ се вели во соопштението на НОБ.
Игор Пармаковски со години се бореше со Kроновата болест но во почетокот на декември беше соопштено дека конечно ќе „ја добие“ потребната операција, но…
Бројни колеги се тгрудеа да му помогнат на Игор Пармаковски, организираа страница на гофундме, отвораа телефони бидејќи сакаа да направат се’ што е во нивна моќ за да му помогнат на драгиот колега и пријател.
Но, болеста беше појака од желбата за живот на Игор Пармаковски.
„Последен поздрав колега- генерацијо.Скромен, ненаметлив и бескрајно талентиран.Почивај и најди го мирот во хорот на ангелите.Вечна ти памет“, се вели во еден од коментарите на Фејсбук.