СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Во очекување на невреме (кое е можно и во Скопје), и снег на планините и на повисоките места – Снег за време на викендот може да имаме и на местата под 1000 метри

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Почитувани наши, од утре попладне, па се до првите денови од следната седмица во Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во среда и во четврток ќе биде и нестабилно, со локални обилни врнежи од дожд (над 35 л/м2), силен ветер (над 70 км/час), електрични празнења и со услови за локална појава на силен град. Секако каде што ќе има вакви појави, процесите ќе бидат застапени во форма на невреме, и тоа особено во централните, како и во источната половина од Македонија, а услови за појава на локално невреме во среда и во четврток ќе има и во Скопскиот регион.


Релативно топло ќе се задржи уште утре преку ден, меѓутоа од четврток, а особено од петок насекаде низ Македонија поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север и од северозапад, температурите нагло и значително ќе опаднат (дури за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните), па токму поради ова на планините и на повисоките места, особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка.

Снежната покривка која ја очекуваме на планините ќе биде со висина од над 10-20 цм, локално, особено на високите планини таа би можела да биде и многу поголема. Снежна покривка за време на викендот би можела да се формира понекаде и во повисоките населени места, а снежната граница би можела да се спушти дури и под 1000 метри надморска височина.


Се на се, да се подготвиме за значително студено и врнежливо време кое ќе трае подолг период, односно одсега гледано се до крајот на овој месец, а ќе има и чести врнежи од дожд и снег. Ако планирате работа на отворено, или пак да се раскренете пред Велигденските празници, (варосување, или пак отскривање на вашата куќа, тоа во никој случај да не го правите).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …