Стојна Костовска: Се вреѓам кога ќе речат дека добро изгледам за своја возраст

Бомбардирани од сите маркетинг пораки за тоа како да го спречиме стареењето одлучивме да ја разработиме и таа тема, прашуваме дали староста е срамота и дали стареењето се смета за болест. Дали стареењето без брчки е благодет кој што можат да си го дозволат само богатите?

Зборуваме со кого ако не со личности од јавниот свет во Македонија кои не знаат да стареат.


Стојна Костовска, Драган Стојчевски, Маја Глигоровска и д-р Роберт Стојовски се согласија дека веќе е срамота да се употребува зборот „стар” и оти „возрасен” е по прикладната варијанта. Да те наречат стар не значи дека те навредиле, но стариот човек е обично изнемоштен и е на возраст над 85 години, кога човекот е психо-физички активен и умее да се грижи за себе нема потреба да се нарекува стар, тој е само возрасен, смета почитуваната актерка.

Маја Глигоровска вели дека не треба да ги криеме годините се додека ни се допаѓа она што го гледаме во огледало или пак на вага. Според неа, жените во повозрасни години треба многу повеќе да работат на себе за да изгледаат добро, за разлика од мажите на кои им е полесно оти треба само да вежбаат.


Драган Стојчевски ќе советува дека ако сакаме да изгледаме добро мора да се храниме како што треба и да бидеме спортски активни, според поранешниот мистер на Македонија ништо друго не може да го ублажи стареењето, годините се тие, вели тој. Него заради годините почнале да го викаат и чичко Драган, но тој вели дека не се чувствува како чичко.

Открива ли докторот Роберт Стојовски кој од нашите гости има естетски корекции на себе?


Гледајте „Нешто конкретно” секоја недела во 17.00 часот на Телма.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …