СТРАШНИТЕ ПОЖАРИ ГО СПРЕЧИЛЕ РАСЕЛ КРОУ ДА ДОЈДЕ ПО СВОЈОТ ЗЛАТЕН ГЛОБУС: Потресна порака на познатиот глумец!

Расел Кроу беше награден со Златен глобус за неговата улога во мини серијата  „The Loudest Voice“ (Најгласен глас), но не присуствуваше на доделувањето на наградата поради пожарите во родната Австралија.
Наместо тоа, Џенифер Анистон, заедно со Рис Витерспун, се обратила пред публиката, истакнувајќи дека за време на доделувањето, Расел „го штити семејството и куќата од пожарите што ја покриваат државата“.

Таа додала дека тој рече дека оваа трагедија секако е последица на климатските промени, на кои колективно треба да обрнеме внимание.
„Треба да дејствуваме врз знаењето. Треба да ја префрлиме нашата работна сила на обновлива енергија и да ја почитуваме планетата како уникатна и неверојатна каква што е. На тој начин ќе имаме иднина. Благодарам“, се вели во потресната порака.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …