СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ на Инстаграм објавил фотографија каде позира со своите ќерки – Софија, Систине и Скарлет.
„Јас сум многу среќен човек, кој има толку прекрасни, сакани деца, кои ми донесоа толку многу радост. Сега би сакал да престанат да растат толку високо”, напишал Сталоне во описот на фотографијата, која собра повеќе од досега 877.000 лајкови.
„Вие сте прекрасно семејство“, „Девојките се убави“, „Сигурно сте многу горди на вашето семејство“, напишале фановите на актерот во коментарите.
Инаку, Сталоне неодамна го прослави својот 75-ти роденден. Потоа објави фотографија на социјалните мрежи на која сопругата Џенифер Флавин позира заедно со него и неговите ќерки.
„Моето прекрасно семејство е најдобриот роденденски подарок што некогаш можев да го добијам“, напиша тогаш тој на Инстаграм.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram