Среќен роденден Искра Трпева !!!

Искра Трпева Арсовска е родена во Скопје на 1 јануари 1973 година. Таа е позната македонска поп пејачка.

Таа е професор по соло пеење, професија што ја работи и денес. Мажена е за поранешниот македонски фудбалер Благоја Арсовски. Учествувала на повеќе македонски фестивали, а највеќе на МакФест.


Трпева својата естрадна кариера ја започнала со познатиот македонски композитор Кристијан Габровски во 1998 година, а песните од тој период се Допри ме, Штом падне мрак и Заврши се.

Искра соработувала со Дарко Димитров и со Александар Митевски, од чија соработка произлегле сингловите Љубов (Срце),Странец, Зима. Повторната соработка меѓу Трпева и Габроски всушност претставувало промена во нејзиниот музички стил – од поп-денс во поп-рок, од што произлегол и синглот Исти.


Редакцијата на Екран и го честита роденденот на Искра, а вие слушнете го нејзиниот голем хит „Само љубовта има сила“


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …