Среќен роденден Дарко Димитров !!!

Дарко Димитров е роден на 21 јануари 1973 година во Скопје. Тој е македонски текстописец, композитор и музички продуцент.

Покрај тоа што се смета за ревитализатор на главната поп сцена во Република Македонија, која влијае на околните Балкански држави, тој исто така има добиено многу награди за меѓународна соработка со многу популарни странски артисти и има над 30 домашни награди.


Дарко Димитров е син на познатиот македонски пејач и композитор Славе Димитров. Неговата семејство има богата музичка историја, како на пример, неговиот дедо, Благоја Петров – Караѓуле, кој бил познат по своето оперско пеење а исто и по пеењето на традиционалната музика. Дарко Димитров има дипломирaно на Музичката академија во Скопје и работи во своето семејно музичко студио наречено „Студио Димитрови“ заедно со неговиот татко и неговиот брат Оливер.

По продуцирањето на хип-хоп музика за време на раните 90-ти, Дарко Димитров се префрлил на музичката поп сцена. Од 1996 има продуцирано по неколку хитови за артистите: Нокаут, Ребека, Каролина Гочева, Ерзана, Тоше Проески, Јован Јованов, Александар Митевски, Брејк, Александар Ристевски-Принц, Тамара Тодевска, Искра Трпева, Калиопи, Владо Јаневски, DD квартет, Маја Гроздановска Панчева, Роберт Билбилов, Маја Саздановска, Мартин Вучиќ, Дуле и Коки, Марија Шерифовиќ, Тијана, Даниел Џокиќ, Александра, Gentiana Ismajli, Леонора Јакупи, Аурела, Армен Раџепагиќ, Раде Врчаковски итн.


Неговите песни учествувале во многу познати музички фестивали како: Скопје фест во Скопје, Макфест во Штип и Охридски Трубадури – Охрид Фест во Охрид во Република Македонија; Sunčane skale и Будва музичкиот фестивал во Црна Гора; FERAS Радио Фестивал во Србија; Фестивалот Pamukkale во Турција; Golden Stag во Romania; Euro Video Grand-Prix; Европскиот фестивал за деца со посебни потреби 2006; Magic song, Топ фест во Албанија итн.

Дарко Димитров има добиено над 30 награди во категориите за „најдобар продуцент“ и „најдобар аранжер“. Тој е основач на “M2” – музичка продукциска компанија заедно со Иво Јанкоски, кој е менаџер на познатите македонски групи Леб и Сол, Архангел и Анастасија. Со М2 има организирано неколку талент шоуа, од кои произлегоа македонските познати изведувачи: Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, 4play, Емил Арсов и Туна.


Среќен роденден Дарко ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …