Споменар: 20 кратки и интересни одговори со Горазд Китановски – Кени

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …

Горазд Китановски – Кени е млад и мошне талентиран писател; пишува поезија, слемира и прави филмови. Денес уживајте во неговиот споменар.


Во колку часот се будиш?

  • Еднаш чим се разбудиш… нема назад 😀

Кој ти е прекар?


  • Кени.

Што си во хороскоп?

  • Не сум. Значи… Водолија хахаха ^_^

Кој ти е омилен пијалак?


  • Кафе, кафе, кафе. Турско или еспресо. Без шеќер. Јакооо! Или можеби какао =)

Која ти е омилена боја?

  • Light.

Кое ти е омилено јадење?

  • Чоколадо. И салата (свежа, било каква, не постои зеленчук што не го обожавам- е па тоа ми е и една од омилените бои – салата)

Која ти е омилена книга?

  • Таа што ја читам во моментот а во моментов ги читам “Golden rules for everyday life” и “Working with the light” од Омраам Михаил Иванов. Прекрасен лик. Битолчанец. Роден 1900тата. Еден од духовните водачи на 20тиот век.  На 17 години се преселил во Бугарија каде и се запознал со Петар Д’нов и станал негов ученик.  На 37 години се преселил во Франција. Таму останал да живее, твори и создава. Во својот живот одржал повеќе од 5000 предавања и има објавено 50 книги. Прв гуру кого читам а ми вдахнува таква светлина и неверојатна енергија. Денсам дур го читам. А и не знам како претходно не сум го знаел? Од Битола е човекот. Толкаво влијание направил во светот, и до ден денес има следбеници ширум светот а овде ние не го знаеме? А и зошто толку напишав? Требаше краток да бидам така? И поезија сакам да читам. Неважно од кој поет. Уметничките дела немаат сопственост. Безначајно е кој ги создал. Тие им припаѓаат на луѓето. Поезијата има огромна сила да разбуди длабоки чувства  и предизвика состојби на блаженство со само неколку зборови. Не читам многу, но читам секој ден. Барем по една песна. Ме храни на мистичен начин.

Кој ти е омилен филм/серија?

  • Па поубав филм од животов има ли? Ние сме и актери и сценаристи и монтажери и режисери и продуценти! Леле-леле ( многу зборувам дури и на пишани интервјуа, каде можеш концентрирана мисла да напишеш и да бидеш краток, ама ај…) Иначе оваа листа на филмови би ја издвоил: La Bella Verte – филм, француски, девеесшеста, најпрекасен и пресмешен Howl’s moving castle (или било кој друг филм на Hayao Miazaki) – анимиран филм, Fullmetal Alchemist – анимирана серија

Кој ти е омилен спорт?

  • Излекување трауми и чистење кармички долгови – со пречки – на бесконечно метри.

Што знаеш најубаво да зготвиш?

  • Љубов.

Кое е твоето омилено годишно време?

  • пролетО, има и про, има и лет има и круг, и пролет, и лето. Има ли поубаво? Пролетај. пс. А само една буква недостига, за да стане проклетО. Една, една, ама вредна. Понекогаш една буква, глас – може да го промени и светот или човекот во целост!

Со кога сакаш да снимиш дует?

  • Со Игор Џамбазов. ИГОРАЗД – Весела Вселена – ја чув дури песната. Ете, сега постои таму некаде низ етерот. Закачи се на фреквенцијата!

Која е твоја најдобра и најлоша особина?

  • Не знам. И не знам дали некогаш ќе знам. . А можно ли е истата особина истовремено да е најдобра и најлоша?

Кој е твоја омилена македонска песна?

  • Во светот на бајките.

Омилен пејач/ка, група (македонски)

  • Мизар, Тоше Проески, Димитра – знам, почудно трио АМИН! Ама тоа е…

Најубаво место што си го посетил

  • Срцето на една девојка.

Како се викаше првата ваша девојка/дечко

  • Во овој живот или?

Со кого го пиеш утринското кафе?

  • Со невидливите пријателчиња.

Кој е твојот омилен музички македонски албум?

  •  Најновиот албум на Димитра – Работ на акција!, А и било кој друг албум издаден во Шарла Рекордс. Омилениот македонски колектив/лејбл. Пиколомини, Телемама, Перија, Хана Корнети, Vagina Corporation, Афионови полинја – магични артисти со фантастична музика. Желба имам голема – концерт да направат некогаш!

Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?

  • Гоце Андонов

 

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …