Со овој трик за време на варењето ниту едно јајце нема да пукне!

Ви откриваме едноставен трик со помош на кој вашите јајца одлично ќе се сварат, а ќе одбегнете да пукнат.
Се’ што ви е потребно е сода бикарбона и пешкир.
Упатство: пешкирот ставете го во голем сад кој сте го одредиле за варење, нежно наредете ги јајцата кои ќе заземат место помеѓу набори од пешкирот. Ставете ладна вода, да ги покрие јајцата.
Потоа во водата додајте 1/4 лажичка сода бикарбона. Вклучете на средна температура и чекајте водата да почне да врие, а потоа малку намалете ја јачината на ринглата и варете на тивка температура се’ додека јајцето не биде готово.

Секако, кога варите помалку јајца ставете помало крпче или пешкирче.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …