Слаткаристика и 2Бона ќе настапат на второто издание на „Тумбсток“ во Куманово

Вечерва, на Градскиот плоштад во Куманово со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи второто издание на фестивалот „Тумбсток“.
Фестивалот е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово, НГО „Бујрум“ и Сектор за култура при Општина Куманово, а, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Со оглед на тоа дека „Тумбсток“ е еден од ретките фестивали во Куманово преку кој што ја негуваме хип-хоп културата и ги поддржуваме локалните хип-хоп артисти, на овогодинешното издание имаме сериозно богата програма, се вели во соопштението од организаторите.
Подолу погледенете ја листата на изведувачи и саатниците за нивните настапи;
20:30 – 20:40 / Double G Mafia
20:40 – 21:10 / Ivan Ajnstajn, VYBE, David Black
21:10 – 21:40 / 1300 Records
21:40 – 22:00 / Luka Chombe, Aiman, Leopard
22:00 – 22:40 / SLATKARISTIKA
22:40 – 23:30 / 2BONA

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …