Концерт на „Луфтханза“ во Прилеп

Вечерва, 26-ти август, од 21.00 во амфитеатарот на Могила, за прв пат во Прилеп а по повод поседната дружба на Филмски Залези ќе настапи скопскиот бенд Луфтханза.

Луфтханза се: Виктор Стојановски (тапани), Раде Биковски (бас), Мартин Џорлев (вокал, гитара, саксофон), Андреј
Димовски (гитара, вокал), Лука Јованоски (гитара,вокал) и Иво Николовски (гитара, синтисајзер). Тие се млад македонски бенд со експериментален и агресивен дух, кој спојувајќи ја својата гласност, лутина, љубов и агресија контрираат на жанровските определби, еднодимензионалоста и конформизмот на фабричката еднолична музика. Шест испотени другари кои свират и напорно работат во својата неклиматизирана гаража од почетокот на пандемијата, со 4 албуми под своето име, се спремни да ви ги искорнат ушите.
Сите љубители на нивната музика ќе може да уживаат и во Скопје, во МКЦ на 13 Октомври, кога бендот ќе настапува и на Андерфест фестивал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …