СКАПО ПЛАТЕНА „ИТРИНА“: Го шетала сопругот на поводник, оправдувајќи се дека тоа е нејзиното куче – тоа скапо ја чинело!

Во Канада е во сила полициски час, а една жена се обидела на необичен начин да најде „дупка во законот“.
Таа решила да шета по улиците на Шербрук, оддалечен околу 150. километри од Монтреал, па на поводник ни помалку ни повеќе го шетала нејзиниот сопруг.
Како што објави една канадска новинарка на својот профил на Твитер, полицаецот кој ја запрел жената и нејзиното „милениче“ ја прашал што прави, а таа му рекла дека тоа е всушност нејзиното куче на поводник.
Со ова, таа се обидела да ја избегне забраната за движење за време на полицискиот час, бидејќи таа забрана не важи за луѓето кои мораат да шетаат со своите миленици.
Полицаецот изјавил дека „добил впечаток дека жената намерно го провоцира“, и и’ напишал парична казна во износ од 1.500 канадски долари (околу 970 евра), што се очекува да биде платена во случај на кршење на полицискиот час.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …