СИМПТОМИ И’ ПОСЛЕ ТРИ МЕСЕЦИ: Се’ повеќе луѓе пријавуваат тешкотии после прележан ковид

Скоро секоја седма личност која е позитивна на ковид-19 чувствува симптоми и три месеци подоцна, покажуваат новите податоци од Обединетото Кралство.
Најголемата студија за долготраен ковид на британското биро за национална статистика покажала дека луѓето со вирусот корона пријавуваат здравствени проблеми многу почесто од општата популација, што може да вклучува болка во мускулите и замор.
Во примерок од повеќе од 20.000 луѓе кои имале позитивен тест за ковид-19 помеѓу април 2020. година и март оваа година, 13,7 проценти продолжиле да доживуваат симптоми најмалку уште 12. недели.
Тоа билоосум пати повеќе отколку во контролната група на луѓе кои веројатно немале ковид-19. Од оние кои биле позитивни, една петтина сепак имале симптоми пет недели по тестирањето.


Жените почесто пријавувале проблеми од мажите, 14,7 проценти во споредба со 12,7 проценти и тоа било најраспространето кај оние на возраст од 25.до 34. години.
Во поголем примерок на луѓе со и без тестови на ковид, се проценува дека 1,1 милиони луѓе се соочиле со долгорочен ковид од четири недели до 6. март. Од таа бројка, околу 697.000 луѓе имале корона за прв пат или мислеле дека се разболеле од оваа болест најмалку 12. недели порано, додека 70.000 првпат се соочиле со вирусот или мислеле дека се заразиле пред една година.
Се проценува дека долгорочниот ковид негативно влијае на дневните активности кај 674.000 луѓе, додека 196.000 објавиле дека строго ги ограничува во извршувањето на секојдневните активности.
Од оние кои самите имаат проблеми, оние кои се на возраст од 35. до 69. години се најпогодени, како и жените, луѓето кои живеат во најсиромашните области, вработени во здравствена или социјална грижа.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …