Си мислев дека ќе умрам: Славица Ќуктераш проговори за тешката болест

Српската пеачка Славица Ќуктераш проговори за болеста која на почетокот не успеала да ја препознае. Таа цели две години се бореше со модерната болест анксиозноста.

Таа дури двапати носела холтер при што консумирала многу лекарства и ѝ било потребно многу време за да сфати дека се работи за ментална состојба со која многумина се соочуваат.


– Почна со некаков притисок, магла пред очите која не ми дозволуваше трезвено да ја согледам околината – раскажа Ќуктераш во емисија на „Прва телевизија“.

Во тој период имала само 22 години.


– Набрзо почнаа стравовите и сега кога ќе се присетам, навистина не знам како сум успевала да ги преживеам сите тие моменти – открива таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …