Маја Оџаклиевска проговори за болеста: преку ноќ се откажав од цигарите, иако претходно пушев по три кутии дневно …

Македонската пејачка Маја Оџаклиевска се соочи со сериозен здравствен проблем кој многу ја исплаши, но и ја принуди да го промени начинот на живот.

Децениите поминати на сцена со чести отсуства од дома, нередовната исхрана, нарушениот сон и другити лоши навики на крајот си зеле данок, па победничката на некогашниот „Скопски фестивал“ била принудена да сврти нов лист, пишуваат македонските медиуми.


„Не би сакал оваа моја приказна да биде погрешно разбрана, бидејќи сум свесна за луѓето кои имаат многу поголеми проблеми со здравјето од мене. Во мојот случај тоа беше слаба циркулација и маснотии во крвните садови. Всушност, тоа беше плоча на каротидната артерија која, за среќа, може да се лекува, но со многу дисциплина. Кога докторот ми рече дека ако не престанам со некои лоши навики нема враќање назад, бидејќи ми беше зафатен мозочен нерв, многу се исплашив. Тогаш преку ноќ се откажав од цигарите, иако претходно пушев по три кутии дневно“, искрена е Маја.

Клучна улога во нејзиното закрепнување одиграл извесен маж од Сараево кој, откако слушнал за нејзиниот проблем, решил самоиницијативно да ѝ помогне.


„Се занимава со производство на мед со посебни билки. Цели две години ги консумирав неговите производи и се случи чудо. Каротидната плоча беше преполовена, со тенденција на намалување. Можете ли да замислите колку ми олесна. Дополнително, мојата крвна слика сега е, како што вели докторот, како да живеам на планина. Порано немав сила да се искачам на вториот кат, сега комотно можам да играм фудбал“, се шегува Оџаклиевска, пишува порталот Мастило.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …