„Шехерезада“ на 24. април во МОБ

Во среда, 24.4.2019 г. во 20 часот, Националната опера и балет ќе ја прикаже балетската претстава „Шехерезада“. Музиката за ова популарно дело е на рускиот композитор, Николај Римски Корсаков. Кореографијата за нашата „Шехерезада“ е на познатиот кореограф од Москва, Михаил Крапивин. Сценографијата на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија.

Мистична, елегантна и егзотична!


Балетска приказна работена по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“  ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија), солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска.


Билетите се во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на www.mob.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …